ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи Шекеринска се среќавала со осудените во „Рекет“, да каже колку пара обувки и униформи за војниците може да се купат со 1,5 милиони евра

Фото: МИА

Дали Радмила Шекеринска знае колку пара војнички обувки и униформа можеле да се набават со 1,5 милиони евра изрекетирани пари во торбата Луј Витон. Дали Радмила Шекеринска знае колку плати за војниците има во парите кои се изрекетираа во овие три години власт на СДСМ, пари за кои има сведоштво дека завршиле кај Зоран Заев, наведуваат во соопштени од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа го тврди токму нејзиниот пријател Бојан Јовановски со кого Радмила Шекеринска се среќавала во друштво со Катица Јанева. Таа средба на Шекеринска со двајцата осудени за случајот Рекет многу говори. Шекеринска има одговорност за тоа што се создадоа криминално рекетарски шеми со кои за милиони евра била пазарена правдата. Шекеринска има одговорност затоа што во исто време додека народот осиромашуваше и економијата тонеше, таа уживала во луксуз и имала тајни средби со лицата поврзувани и осудени за криминал- стои во соопштението.

Да имаше правна држава, а не Луј Витон правосудство, потенцираат оттаму, Шекеринска ќе требаше да даде одговори на овие теми.

-СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!- наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот