ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциска да истражи за фирмата Бригада Дизајн на советникот од СДСМ во Град Скопје Ивановиќ

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Антикорупциската комисија поднесе претставка за фирмата Бригада Дизајн ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје.

-Фирмата на Бојан Ивановиќ, советникот и членот на СДСМ земала тендери од Фондот за иновации и Регулаторната комисија во висина од над 10 милиони денари, а јасно е каде е сомнежот и тоа веќе неколку денови го говориме, а од СДСМ и од власта има единствено молк. Најпрвин првите лица на институциите од каде ги земал тендерите се негови партиски другари односно сопартијци од СДСМ и Директорите на Фондот за иновации но и Марко Бислимовски кој е претседател на Регулаторната комисија за енергетика, а потоа имавме едно признание од актуелниот директор на Фондот за иновации Коста Петров дека практично не ги користи услугите на агенциите кои земале тендер во Фондот за иновации за маркетинг услуги, ами работи со сопствена продукција, што уште еднаш покажува дека фирмата на Советникот од редовите на СДСМ никој не знае што сработела во Фондот за иновации каде што земала во изминатите години неколку поединечни тендери во висина од над 1 милион денари или последниот тендер за кој што сите можеа да чујат и да видат во висина од 11.8 милиони денари, рече Арсовски.

Тој побара од Антикорупциската комисија да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски, ниту од Зоран Заев зошто „одговорност мора да има, а доколку антикорупционерите и понатаму спијат одговорност ќе сносат и тие“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот