ВМРО-ДПМНЕ бара Анкетна комисија да ја испита работата на СЈО

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Анкетна комисија во Собранието за утврдување на нестручно и незаконито работење на СЈО и бившата специјална јавна обвинителка Катица Јанева, бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Се поднесува до Парламентот бидејќи тој на предлог на советот на јавни обвинители ја разреши Јанева, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во името на граѓаните кои досега одвоиле 15 милиони евра сакаме да провериме на кој начин се трошеле нивните пари и на кој начин се постапувало во законските постапки, деловодници, законитост на постапки при вработување, можни конфликти интереси при вработување и непотизам, и сомнителни хонорари – рече пратеникот Антонио Милошоски.

„Комисијата треба да го утврди начинот на материјалното и финансиско работење на обвинителството, како и вработувањата. Претседателот и потпретседателот на комисијата ќе бидат избрани од собраниската комисијата за избор и именувања. На комисијата ќе бидат поканети експерти и сведоци кои ќе говорат за работењето на СЈО“, стои во предлог одлуката на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот