ВМФЛ: Ништо ново за Тетекс: Убедлив пораз од Слога Виница

Фото: facebook.com/SLOGA1934VINICA

Тетекс продолжува да тоне во второлигашката конкуренција, денес во единствениот натпревар од ВМФЛ беа поразени од Слога Виница со 0:3.

Победата гостите ја обезбедија уште во првото полувреме со головите на Емир Хусеиноски во 37. минута и Иван Мицевски во 45. минута. Со својот втор гол Хусеиноски на 20 минути пред крајот ги постави конечните 0:3. За Слога Виница ова беше прва победа после серија од шест порази, триумфираа после повеќе од два месеци.

Денешниот натпревар беше прв на клупата на Слога Виница за повратникот во клубот Крсте Крстев кој во својот прв мандат работеше со голем успех и го донесе тимот до втората лига.

Со овој пораз Тетекс со седум освоени бодови останува претпоследен и зад нив е само Борец кој е без бодови. Виничани пак имаат девет бода и скокнаа до 12. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот