Влошената епидемиолошка ситуација во Данска ги врати ковид-пропусниците

Знамето на Данска / Фото: Архива

Епидемиолошкиот одбор  на данскиот Парламент вчера ги одобри владините планови за повторно воведување ограничувања поради пандемијата на коронавирусот.

Министерот за здравство, Магнус Хеунике, изјави дека огромното мнозинство пратеници се согласило дека ковид-19 треба да се редефинира како болест што му се заканува на општеството.

Одлуката првично ќе важи еден месец. Ова и дава на владата овластување да усвои мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без потреба од дополнително одобрение од парламентот. Доволно е одборот да се согласи со предложените мерки.

Министерот за економија, Сајмон Колеруп, изјави дека од петок повторно ќе треба да покажуваат сертификати за ковид-19 за да се влезе во ресторан или клуб.

Ковид-пропусниците сведочат дека лицето било вакцинирано, прележало ковид-19 или има негативен тест. Тие мора да ги покажуваат возрасните и деца над 15 години.

Сертификатите ќе бидат потребни и за настани со голем број учесници. Ова се однесува на концерти, конференции, саеми и забавни паркови. Нив ќе мора да ги покажуваат и посетители на болниците.

Данска на 10 септември ги укина последните ограничувања наметнати во земјата за време на пандемијата, наведувајќи дека пандемијата е под контрола, но од средината на октомври, бројот на заразени повторно почна да расте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот