Влошена здравствената состојба на Берлускони

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони мора да се одмора во домашни услови, откако се избори со коронавирусот во септември. Според еден од неговите адвокати, Федерико Чекони, состојбата на 84-годишниот политичар е влошена.

Лекарите препорачуваат целосен одмор, без движење и без работа, објасни тој.

Во исто време, портпаролот на Берлускони за ТАСС изјави дека состојбата на поранешниот премиер е задоволителна, но му требаат „неколку дена одмор”.

На почетокот на септември, на италијанскиот политичар му беше дијагностицирана билатерална пневмонија и лекарите решија да го хоспитализираат. На 14 септември Берлускони беше испишан од болницат и призна дека во одреден момент се чувствувал лошо и стравува за својот живот. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот