Влијанието на судското обвинение врз политичката иднина на Милорад Додик

По потврдувањето на обвинението, единствено извесно е дека Судот на Босна и Херцеговина ќе им суди на претседателот на Република Српска Милорад Додик и на Директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ
Секое сценарио во овој момент изгледа неизвесно и неверојатно, особено што до само пред само два месеци се сметаше за невозможно да се замисли дека Додик ќе оди во судница како обвинет, пишува Српскаинфо.
Од сите можни обвинувања кои опозицијата, странците и Сараево ги упатија против Додик и неговите соработници, Додик оди на суд заради непочитување на одлуките на шефот на меѓународната мисија Кристијан Шмит.

Германецот Шмит чиј мандат како висок претставник на меќународната заедница не беше потврден од Советот за безбедност на ОН, кој не е признат од Русија, Кина и Република Српска, но кој е признаен од западните земји но и од Србија.
Пресудата може да ја зајакне доверливата гласачка база на СНСД
Судот на Босна и Херцеговина ќе суди врз основа на наметнатите измени во Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, кои не беа верификувани од Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, а во кои се наведува дека непочитувањето на одлуките на високиот претставник може да се казни со затвор до пет години. Додик не беше ниту обвинет за уривање на уставниот поредок на БиХ, што е главното обвинување кое против него се обидува да го издејствува Федерација на БиХ и западот.
Конкретно, тој го потпиша указот за измена на законот со кој одлуките на канцаларијата на виоскиот преставник на меѓунаордната заедница на Босна и Херцеговина (ОХР) повеќе не се објавуваат во Службен весник на РС, па затоа и не се почитуваат.

Сите овие одлуи на Додик дирекоторот Лукиќ ги објави во Службен весник на РС, откако неколку директори пред него одбиваа да го сторат тоа и на свое барање се повлекоа од функцијата без никакво образложение.
По сето ова се наметнува и прашањето како исходот од судскиот процес – односно пресуда или ослободителната пресуда – може да влијае политичка иднина на Додик?
Дел од регионалните аналитичари сметаат дека секоја пресуда на Судот на Босна и Херцеговина може да ја зајакне сигурната гласачка база на неговата СНСД партија
Парадоксот е што ова може да ги засили позициите на Додик на негов терен. Станува збор за внатрешна политичка борба во РС и Босна и Херцеговина. Гледаме дека ни посилниот дел од опозицијата во РС не ја поддржува пресудата со која се осудува Додик, бидејќи сметаат дека тоа ќе испрати лоша порака до Република Српска. Секако, имаме и такви во опозицијата кои нетактично, заборавајќи дека и нивните гласачи се многу национално ориентирани, навиваат Додик да биде осуден – велат политички експерти чии ставови ги пренесува Српскаинфо.
Сите аналитичари кои ги пренесува овој медиум се согласни дека не постои институција наречена меѓународна заедница. Постои нешто што се нарекува Организација на ОН, која е составена од земји-членки. Извршното тело на таа организација, Советот за безбедност, не го избра Шмит за висок претставник.
Инсистирањето на тоа може да произведе дело наложено од тој Шмит правно дејство, односно казна за Додик, наведува Српскаинфо.
Од друга страна правните експерти кои ги консултирале медиумите во РС тврдат дека Додик е поблиску до ослободителна пресуда отколку до евентуална казна , но само под услов во овој процес да може да се одвои политиката од правото.