„Влијанието на новите политички и правни предизвиди од пандемијата“ – политичките партии да ги тргнат рацете од безбедносниот систем (ВИДЕО)

Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, но и за правните обврски и последници од нивната примена по завршување на вонредната состојба, смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје.

Корона кризата е можност за одредени видови криминално однесување, а не се добри ни прогнозите за периодот по завршувањето на кризата

Очекувано е намалувањето на насилните и имотните кривични дела. Но, рестриктивните мерки значат намалување на уличниот криминал, а тоа не е единствениот вид криминал, а бидејќи секоја криза е нова можност, така и оваа е плодна почва за одредени видови криминално однесување, кои се проблем, како што се семејното и родово заснованото насилство, кривичните дела од омраза, сајберкриминал, кривични дела против јавниот ред и мир, и се разбира, кривичните дела против здравјето на луѓето, стои во соопштението од организаторите на настанот.

-Прогнозите на Европол, се посочува, укажуваат дека е очекуван глобален импакт по завршувањето на пандемијата и зголемување на имотниот криминал, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и киберкриминалот., изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, универзитетскиот професор, Марјан Ѓуровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот