Влезот за Македонија-Словачка е слободен, капацитетот во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде ограничен

Македонија ќе ги стартува претквалификациите за ЕП 2025 против Данска/Фото: kfsm.mk

Согласно потврдата која ја доби македонската кошаркарска федерација, натпреварот кој го играме на 14 август (сабота) од 19.00 часот, ќе биде „отворен“ за сите љубители на кошарката. Конечно, и публика на еден кошаркарски натпревар.

И тоа особено важен меч за нашата сениорска кошаркарска репрезентација. После вчерашниот пораз на стартот од претквалификациите за Светското првенство против Швајцарија, шансите не се загубени, нова шанса за триумф ќе биде селекцијата на Словачка.

Согласно добиените препораки на државните и здравствените авторитети во нашата држава, капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“ – Скопје, ќе биде ограничен на 30% од максималниот.

Односно овој исклучително важен меч за нашиот најдобар состав ќе може да го проследат околу 2.000 македонски фанови. Секако со стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на Македонија.

Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, да држи пропишано растојание помеѓу седиштата од каде ќе го следи натпреварот Македонија-Словачка.

– Влезот за овој натпревар ќе биде слободен. Оттука ги повикуваме сите љубители на спортот, пред сè на кошарката, да дојдат утре вечер во СЦ „Јане Сандански“, да му дадат максимална поддршка на нашиот тим, со една цел, заедно да славиме триумф кој ќе нè однесе чекор поблиску до планираната цел, пласманот во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Сите заедно да навиваме за Македонија – информира федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот