Влезници за СЕХА и ЛШ, Битола ќе ужива во врвен ракомет

rkeurofarmrabotnik.com

Интернет адресата на веб платформата за онлине продажба на билетите е www.kartieurofarm.mk, и на истата може да ги најдете сите потребни информации поврзани со начинот на купување на картите.

На оваа веб локација можете да купите билети за престојните натпревари, и тоа:

– Блок полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони и СЕХА лига за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 850 денари.
– Полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 000 денари.
– Полусезонски билет за сите натпревари во СЕХА лигата за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 000 денари.
– Единечна карта за секој натпревар посебно – 250 денари.

Како новина, од оваа година се воведени нумерираните ред и седиште на секоја карта, со што секој љубител на ракометот ќе има прилика да си одбере место за седење кое ќе му биде загарантирано. Повеќе информации ТУКА

Како што и најавија од Европската ракометна федерација (ЕХФ), Еурофарм Работник своите домашни мечеви во ЛШ ќе ги игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот