Влезете во прекрасниот свет на Мумините: Легендарната сина куќа постои и во реалноста

Легенарната сина куќа од цртаната серија „The Moomins“ постои и во реалниот свет, а се наоѓа во гратчето Наантали на островот Каило, кој ѝ припаѓа на Финска. Куќата е составен дел од тематскиот парк „Moomin World“.
Цртаната серија, која ги одбележа детствата на повеќе генерации ширум светот, е заснована на книгите и стриповите од шведско-финската илустраторка Тове Јансон. Вкупно во серијата биле објавени девет книги, заедно со пет сликовници и стрип во периодот помеѓу 1945 и 1993 година.
Овој тематски парк се разликува од останатите по тоа што нема тобогани, вртелешки, нишалки, автодроми и слично. Ова е уникатен простор – реплика на магичниот свет на Мумините, каде можете да видите маскоти и да изгледате претстави.
Доколку планирате посета на тематскиот парк, тој да е отворен само за време на летните месеци. Првата и главна причина за ова е студеното време, кое владее на северот на Европа, а втората причина (за оние со детски дух) е дека Мумините тогаш го спијат зимскиот сон.

Сепак, познато е дека паркот е отворен и во текот на февруари, за да можат фотографите да снимат неколку сцени покриени со снег.
Покрај можноста за посета на собите во внатрешноста на куќата, можете да поминете време и со вашите омилени ликови. Покрај тоа, во овој мал град има и тематски ресторани и продавници за сувенири, а има и хотели во кои можете да преноќите.



