ВЛЕТАЛ ВО БАР НА ПЛАЖА И ГИ ИЗРЕШЕТАЛ ГОСТИТЕ, 4 мртви и 7 ранети во Акапулко (ВИДЕО)

Вооружен напаѓач убил четири мажи и ранил уште седум луѓе во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште еден во низата насилни инциденти во некогашното гламурозно одморалиште на брегот на Тихиот океан.

Обвинителството на државата Гереро соопштило дека жртвите се жители на Акапулко и дека еден осомничен е убиен.

Форензичарите на лице место нашле 21 чаура.

Пукањето се случило во локалот Мистер бар, кој се наоѓа во таканаречената златна зона, на една од широките градски авении, наспроти луксузните хотели на брегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот