Влетал со автомобилот во група на луѓе пред црква – Девојче и жена ЗАВРШИЛЕ под тркалата

Фото: Принтскрин

Страшна несреќа во која загина девојче (4) и потешко повредена е уште жена (45) се случила во неделата пред црквата во округот Гнајс во Салзбург.

Веднаш по завршување на неделната служба во 11.30 часот, 90-годишен маж со својот автомобил влетал во група на луѓе кои излегувале од црквата.

Жената и детето останале приклештени под автомобилот, па пожарникарите морале да ги извадат. Лекарите на итната помош успеале тешко повреденото дете да го реанимираат и потоа со хеликоптер било пренесено во салзбуршката болница. Но за жал, девојчето подлегнало на повредите во болницата.

+++UPDATE+++ Das heute in Salzburg vor einer Kirche angefahrene Kind ist tot. Der Lenker (90) hatte Gas mit Bremse verwechselt.

Publiée par Kronen Zeitung sur Dimanche 25 août 2019

Жената која е исто така повредена во несреќата, нема поврзаност со детето. Полицијата претпоставува дека до трагедијата дошло бидејќи старецот по грешка притиснал на педалата за гас, наместо за кочница и ја покосил жената и детето пред црквата.

Тој бил видно потресен и рекол на полицијата дека тргнал по сопругата после завршувањето на службата во црквата. Истрагата ќе ја покаже вистинската причина за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот