Централниот регистар го заведе Александар Маленко како претседател на ПФM

Александар Маленко во петокот е заведен во Централниот регистар на Македонија како претседател на Пливачката федерација на Македонија.

– Конечно благодарност до државните институции кои ја исправија фамозната техничка грешка која се состоеше во уписот. Но, овој пат бевме приморани согласно правдата и вистината кога целиот свет кој го признава работењето, професионализмот, легитимитетот, исправена е техничката грешка во централниот регистар. Нашите државни институции за упис овој пат согласно правдата и вистината која е фактографски вештачена и потврдена со мериторна одлука од страна на државниот орган, ние конечно го имаме документот од центарскиот регистар – вели Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Македонија.

Бранувањата во македонското пливање настанаа пред неколку години кога дел од клубовите направија изборно собрание и формираа нова федерација, Национална пливачка федерација за чиј претседател беше избран Александар Филипчев и чиј „адут“ беше дека НПФ е признаена од Централниот регистер на Македонија. Но, заведувањето во Централниот регистар на Македонија на Александар Маленко за претседател на Пливачката федерација на Македонија, е најава за средување на состојбите во македонското пливање.  Пливачката федерација веќе има изготвено 16-годишна стратегија за пливањето која треба да резултира со редовно учество на Олимписките игри на македонските пливачи и тоа со обезбедени олимписки норми.

– Сакаме конечно да ставиме крај на сите небулози, манипулации но и свесно владеењето на хаос со намерни непочитувања на било каков пропис, правилник кој е потврден и усогласен од меѓународен закон за спорт. Статут на една олимписка федерација како што е пливачката е статут кој е усогласен со матичната светска федерација (ФИНА) и Меѓународниот олимписки комите (ИОК). Ние продолжуиваме каде што бевме и до петокот, како раководство и федерација да ја имплементираме национална стратегија за пливање која за првпат во историјата на нашата држава е подготвена од ова раководство. ПФМ е признаена од единствените институции задолжени за олимписки спорт и во овој случај пливање и во овој случај тоа е ФИНА. Ние сме меѓу 12 најактивни држави од сите 208 членки. Небулозите, хаосот и манипулациите се завршени, ПФМ постоела и ќе постои, но овојпат постои со јасно утврдени цели. ПФМ моментално е една од трите спортски федерации во Македонскиот олимписки комитет (МОК) кои ги има усогласено сите критериуми и е вистински партнер на ФИНА и на ИОК и МОК. Како спортски партнери заедно со АМС ќе бидеме вистински партнери на МОК  – вели Маленко кој открива дека оваа година ќе има три трки од светскиот Куп како и суперфинале кои ќе се одржат во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот