Влегле со фантомки, му впериле пиштол на чуварот и запалиле 9 камиони и 3 објекти! (ВИДЕО)

Непознати пиромани целосно го уништиле претрпријатието „5Д“ на семејството Угричиќ од селото Превалац кај Врање, кога ноќеска околу 2 часот запалиле девет камиони, две машини за градежништво, како и дел од асфалната база. Штетата се проценува на преку половина милион евра.

Се работи за семејна фирма со околу 70 вработени.

-Влегле тројца со маски. Еден дошол до чуварот и му вперил пиштол во глава, додека двајца, претпоставуваме со молотови коктели, полеале се со бензин, запалиле и си заминале. Ние оганот го забележавме бидејќи живееме на километар од базата. Мојот сопруг бос истрча од куќа и со некои работници кои дотрчаа гасеше пожар, но залудно, се изгоре, изјави портпаролот на фирмата Соња Угричиќ.

Полицијата по пријава излегла на терен, како и пожарникарска единица која го угасила оганот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот