Влатко Стефановски со „Тафталиџе шафл“ номиниран за престижната награда „Импала“

Instagram
Instagram

Новиот албум „Тафталиџе шафл“ (Taftalidze Shuffle) на Влатко Стефановски е номиниран за наградата „Импала“.

„Тафталиџе шафл“ е еден од 25-те номинирани албуми од сите делови на Европа кој е во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – „Croatia Records“

Номинацијата за најдобар албум е од страна на членовите на Регионалното здружение на независни дискографи (РУНДА).

Instagram
Instagram

„Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми. Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е „ветер во грб“ за добар почеток на 2021 година“, вели извршниот директор на „Импала“, Хелен Смит.

ВИДЕО | Влатко Стефановски: „Тафталиџе шафл“ не е албум за еден ден, ќе трае многу години

Меѓу номинираните албуми може да се сретнат различни музички стилови.

Посветено на неговото незаменливо Тафталиџе, како автор на музика, текст и аранжман се потпишува самиот Влатко на сите 9 песни кои ги носи албумот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот