Властите во Уругвај запленија рекордни шест тони кокаин

Фото: Профимедиа

Властите во Уругвај информираа дека заплениле рекордни шест тони кокаин, нарекувајќи ја заплената најголем удар за шверцерите на дрога во историјата на земјата, пренесува Би-Би-Си.

Поморските и царински служби, кокаинот кој бил сокриен во четири контејнери за брашно од соја, го пронашле на едно пристаниште во главниот град Монтевидео. Крајната дестинација на пратката била во Африка, поточно во Того. Станува збор за количина од 4,4 тони.

Уште 1,5 тони подоцна се пронајдени на еден локален ранч, а вкупната улична вредност на дрогат изнесува 1,3 милијарди американски долари.

Уругвај се почесто се користи како локација за транзит на дрога од Латинска Америка до Африка и Европа.

Претходната рекордна заплена беше направена во ноември оваа година, кога властите открија контејнер со три тони кокаин, исто така во Монтевидео, кој требало преку Бенин требало да пристигне на шпанската туристичка дестинација Тенерифе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот