Властите во Стокхолм против одлуката за забрана за пушење на отворено

Архива на сп

Пред два дена во Шведска стапи на сила забраната за тоа да се пуши на отворени јавни места, вклучувајќи ги и автобуските и железничките станици и отворениот простор во баровите и ресторанитеч

Новата построга забрана за пушење, која стапи во сила во понеделникот, важи и за електронските цигари.

Но, властите во Стокхолм соопштија дека планираат да се спротивстават на забраната, дозволувајќи им на три добро познати отворени барови да продолжат да нудат „соба на отворено“ каде што пушачите ќе можат да пушат.

– Од политичка гледна точка, побаравме од службениците да заземат прагматичен поглед на просториите за пушење на отворено и сме подготвени да застанеме цврсто зад таа одлука доколку стигне на суд – изјави Јан Јонсон, либерален советник во Градскиот совет во Стокхолм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот