Властите во САД со предупредување: Под опасност сме од евентуален домашен тероризам

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Министерството за безбедност на САД денеска издаде предупредување на опасност од евентуален домашен тероризам, односно насилство од противници на администрацијата на новиот американски претседател, Џо Бајден. Притоа не е наведена конкретна закана, но укажувањето се образложува со „атмосфера на зголемена опасност низ САД” за која се верува дека ќе биде „присутна” во наредните недели.

Министерството наведува дека пред издавање на предупредувањето се консултирало со безбедносните и со разузнавачките агенции за можност од домашен насилен екстремизам.

– Информациите покажуваат дека некои идеолошки мотивирани насилни екстремисти, кои не се согласуваат со оваа власт, ниту со предавањето на власта во Белата куќа, би можеле да продолжат со мобилизација со цел поттикнување насилство или насилни дејствија, се наведува во предупредувањето.

Американските власти го издадоа предупредувањето во момент на тензична атмосфера, три недели по упадот во Конгресот на САД од приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кои се незадоволни од изборните резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот