ВЛАСТИТЕ ВО САД НАЈАВИЈА: Рациите за депортација на нелегални мигранти почнуваат во недела

Фото: EPA-EFE/SOTIRIS BARBAROUSIS

Американските власти во недела почнуваат со најавените рации за депортација на илегалните имигранти, објави денеска „Њујорк тајмс” повикувајќи се на два извора од Департментот за национална безбедност.

Весник дознава дека Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ) првично во текот на повеќедневна операција треба да задржи најмалку две илјади имигранти без законски престој, за кои имало судски наредби за депортација и дека првите рации ќе почнат истовремено во десетте најголеми градови во САД.

Извори за весникот се сомневаат во изводливоста на акцијата. Се наведува дека постои нерешителност помеѓу органите за безбедност кои можат да се судрат со правни и практични проблеми како немање доволно сместување во приватните центри во Пенсилванија и во Тексас и многу од задржаните може да бидат сместени во хотели додека се чека изготвување на нивните патнички исправи. Во имигрантската заедница во САД се проширени слуховите за подготовка на масовни апсење и се знае дека „службите на ИЦЕ не можат да влезат дома без дозвола на станарите, дури и кај оние кои се дојдени илегално”.

Раководителот на ИЦЕ, Кен Кјуцинели, синоќа укажа дека службите се подготвени за акција и дека рациите „апсолутно ќе се случат”, откако претседателот Доналд Трамп ги одложи со цел да се побара надпартиско законско решение за илегалната имиграција во САД.

Трамп, кон крајот на јуни најави „депортација на милиони илегални имигранти” спроведена од имиграциската и царинска служба на САД. По неколку дена Белата куќа ги одложи антиимиграциските акции бидејќи републиканците побараа изнаоѓање компромис со демократите во врска решавање на прашањето за азил на бегалците пријавени на јужната граница со Мексико и пропустите во тамошната погранична контрола.

За време на самитот Г-20 во Јапонија претседателот уште еднаш потврди дека рациите ќе се случат после две недели, рок кој истекува на 14 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот