Властите потврдија: Сите жртви во „камионот на смртта“ се од Виетнам

Фото: Профимедиа

Британската полиција и официјално ги идентификуваше сите 39 луѓе, чии тела минатиот месец беа пронајдени во приколката-ладилник во близина на Лондон, а виетнамската полиција соопшти дека сите жртви биле Виетнамци, пренесе „Ројтерс“.

Во соопштението на Министерството за јавна безбедност на Виетнам се наведува дека жртвите биле со потекло од градовите Хајфонг и Хај Зионг и покраините Нге Ан, Ха Тин, Кванг Бин и Хуе.

Британската полиција наведува дека и официјално ги идентификувала сите 39 жртви во случајот и дека ги известила нивните семејства.

– Ова е важен чекор во истрагата и ни овозможува да работиме со нашите колеги од полицијата во Виетнам за да им пружиме поддршка на семејствата на жртвите – рече Тим Смит, полициски претставник задолжен за истрагата.

За потсетување, полицијата во Есекс на 23 октомври откри приколка-ладилник во која се наоѓаа 39 тела на луѓе за платиле од Белгија, во приколка да бидат пренесени во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот