Властите на Португалија со порака до САД: Наша држава, наши правила

Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Португалските лидери го критикуваа американскиот амбасадор во државата Џорџ Глас откако тој рече дека тие мора да одлучат меѓу САД и Кина или да се соочат со последиците.

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса   изјави дека само претставниците избрани од португалскиот народ можат да одлучуваат за судбината на земјата, почитувајќи го уставот и правата што им ги дава.

Глас за весникот „Експресо” изјави дека Португалија мора да избере помеѓу своите „американски пријатели и сојузници” и својот „економски партнер” Кина. Тој ја опиша земјата како „бојно поле” меѓу Вашингтон и Пекинг.

Португалија може да очекува последици по безбедноста и одбраната ако одлучи да соработува со Кина наместо со САД во развојот на мрежата 5G и за други прашања, рече тој.

Министерот за надворешни работи Августо Сантос Силва за агенцијата Луса изјави: „Во Португалија одлуките ги носат португалските власти, кои одлучуваат кои се португалските интереси”.

Три компании што доминираат на пазарот на мобилни телефони во Португалија веќе соопштија дека нема да ја користат технологијата Hуавеи во мрежите 5G, но португалската влада не и забрани на кинеската групација да учествува во работата на 5G инфраструктурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот