Власта си ја знае работата

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Откако ЕУ не откачи, поточно една негова моќна членка, не само што се разочаравме, туку и се рзгневивме. Кога си гневен, сакаш одмазда. Е како на ЕУ ќе и се одмаздиш!!!

Ми текнуваат три начина:

Едниот е најглуп и е во стилот на големите маалски фраери-лузери и гласи: „Кој ве *бе!“и да си заминеш во непознат правец, а тоа значи во маало и таму на помалите (преведно, на граѓаните) да им се *урчиш како си ги отерал европјаните кај што им е место.
Тие се разбира достоинствено и со уважување, а бога ми и со скриена радост ќе ви речат „фала на досегашниот секс, ама ве молиме барајте си нов партнер, многу бргу ејакулирате“!

Вториот начин е глуп, ама помалку и би бил: да лупнеш на маса и да им се заканиш: „Ако продолжите вака да се однесувате, ние ќе размислиме дали ќе сакаме со вас да се дружиме . Ако не ќе си одиме, има кој што не сака, ако вие не не сакате!
Тоа е доволно достоинствено и дипломатски, ваљда?
Овие од ЕУ веројатно ќе се замислат, не велам не. Тоа не e можеби толку дипломатски, ама има некоја смисла. Се разбира, ако имаш каде да се пренасочиш, а тоа да биде исплатливо за граѓаните и за државата. И да биде со консензус. Затоа што замки секаде постојат и старо правило е дека никој не дава ништо за џабе.

Третиот одговор што го гледам е да НЕ им го кажеш второто од погоре. Да изиграваш пубертетлиски заљубен и да повторуваш: „Без тебе не можам, друга опција немам, само тебе те сакам. Лажи ме, фарбај ме, јас ќе те чекам, кога ќе бидеш спремна ти врати се! Јас во меѓувреме ќе работам на себе, ќе се подобрам, ќе бидам кул.
Ова е доста лигаво, ама во животот покажало успех. Заради упорноста. Не ретко велат „убавите јаболки, свињите ги јадат“.
На овој начин ја релаксираш девојката (Унијата) и не ја замараш. Таков став секој би прифатил. Да е слободна, а да нема одговорност кон тебе. Опасноста е што ќе и се уарни, ќе се занесе и ќе се заборави, па може и да не ти се врати. Особено ако не те сака премногу и ако баш и не и требаш, зашто си голтар.

Е најпосле вистинскиот одговор според мене е „молчи- толчи“. Тоа ви е комбинација од претходново. Се е исто само во суштина си бркаш работа на страна. Си излегуваш со другарите, си бркаш по некоја вечерна авантура, некое ситно бизнисче ќе фатиш и т.н. Едноставно ќе си го дигнеш рејтингот во околина. А ваму си фин и си ја чекаш саканата. Така можеби и љубоморна ќе ја направиш љубената и ќе ти се втрча во прегратки. „Аман не ме оставај“ ќе кликне.
Тоа ти е швалерска, а може да се рече и селска итроштина. Додека чекаш, не добиваш ама и не губиш. Како тактиката на Мурињо.
Сега и тука има ризик јак, душа мила… и да погинеш, колко можеш ќе се спасиш.
Па ете гледам од сите овие теории нашава власт како да ја тера оваа последнава, ако не грешам душа.
Ооп Зоки Заев: те „Мал Шенген“ со земји од регион, те ооп, со Русите бизнис  соработка ќе прави, па у Грчка со Мицотакис, па Немци овде, Амери тамо …а ваму вика „неее, ние друга опција немаме, само ЕУ и НАТО“.
Значи критичари, не мрчете више, гледајте сеир.
Власта си ја знае работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот