Власта откако ќе го смени законот за градоначалниците ќе дознае дали е во согласност со Уставот

уставен суд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Мандатарот Христијан Мицкоски со коалицијата Вреди прво ќе треба да ги предложат, а Собранието да ги донесе измените на Законот за локална самоуправа, со кои се планира да нема избори во општините во кои градаоначалниците преминале на други функции а веќе истуркале повеќе од половина од мандатот, за да дознаат дали тоа е во согласност со Уставот.

Од Уставен суд за „Слободен печат“ велат дека не коментираат актуелни прашања во јавноста и не носи ставови за закони во најава откако Мицкоски вчера го повика Судот да се изјасни дали измените на Законот се противуставни.

-Уставниот суд се изјаснува по направена анализа на постоечки акти, кои се во правен промет, но не и најавени или планирани измени, закони или било какви акти, без оглед дали станува збор за поднесена иницијатива од граѓанин или предмет оформен по сопствена иницијатива, велат од Уставен за „Слободен печат“.

Мицкоски понеделнички ќе се фати за работа

Мицкоски, но и дел униветзитески професори го повикаа Уставен суд да се изјаснат околу уставноста на планираните измени на Законот за локална самоуправа, со кои ако се донесат, ќе нема предвремени избори за градоначалник ако е поминат половина од мандатот на актуелниот градоначалник кој преминал на друга функција. Предлогот е наместо избори со општината да раководи в.д градоначалник избран од Советот на општината.

Мандатарот ги искритикува дел од експертите што се против најавените измени на Законот за локална самоуправа во делот на избор на градоначалници што преминале на друга функција.

– Според мои информации, законот е влезен во процедура. Има експерти што решиле да ги трошат парите на граѓаните и велат дека предлогот е спротивен на Уставот. Истите не бекнаа кога некои од партиите предлагаа претседател на држава да се избира во парламент. Нема проблем, ние сме подготвени утре да одиме на избори, но дали треба парите на граѓаните да ги трошиме, а може да ги намениме, на пример, за државата да ги субвенционира придонесите на новинарите и тие да добијат повисоки плати. Го повикуваме Уставниот суд да се произнесе – рече мандатарот.

Мицкоски не откри дали за измените на Законот имаат обезбедено двотретинско и бадентерово мнозинство.

 

Ако треба, гласови за „Бадентер“ ќе се бараат и од Левица, законот ќе ја чека новата влада

 

Дел од експертите сметаат дека не држи објаснувањето на власта дека изборите чинат многу пари и дека ќе ги поштедат граѓаните двапати да гласаат за неполна година, бидејќи врвно демократско право е граѓаните да одат на избори и дека има членки на ЕУ кои годишно излегуваат на пет до десет референдуми.

Власта има план, не ја дава ни локалната власт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот