Власта им забрани на Грузијците за време на протестите да го покриваат лицето

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Парламентот на Грузија денеска усвои закон со кој на демонстрантите им се забранува да го покриваат лицето, како и да користат пиротехнички средства и ласери за време на демонстрациите, објави Ројтерс.

Законот за прекршителите предвидува парична казна во висина од 2.000 лари (околу 660 евра). Предвидени се и казни за оштетување на зградите и блокирање на сообраќајот. Казната за организирање блокади на патишта ќе биде до 15 илјади лари (4.950 евра).

Од крајот на ноември, илјадници луѓе демонстрираат во Тбилиси секоја вечер, откако премиерот Иракли Кобахиѕе од Грузиски сон ја соопшти одлуката на Владата за стопирање на преговорите со ЕУ. Неколку од овие демонстрации се насилно растурени, а над 400 демонстранти се уапсени.

Голем број демонстранти носат гас-маски и импровизирани штитови за лице за да избегнат идентификација. Демонстрантите употребуваат и ласери за да ја „заслепат“ полицијата и безбедносните камери пред Парламентот. Во протестите повредени се околу 30 демонстранти, додека Кобахиѕе тврди дека повредени се над 150 полицајци.

Грузискиот Парламент утре ќе избира претседател, кој ќе ја замени проевропската претседателка и критичарка на владејачката партија Саломе Зурабишвили. Единствениот номиниран кандидат е Михаил Кавелашвили, поранешен пратеник на Грузиски сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот