Влахо: Прв историски меч, Струга ќе биде во еуфорија

Лошите резултати на последните мечеви доведоа до оставка на Александар Влахо/Фото: fkrabotnicki.com

Тренерот на Работнички Александар Влахо верува дека тимот е добро подготвен за стартот на новите прволигашки искушенија, иако имаше многу промени во составот ова лето. Амбициите на Работнички се секогаш во иста насока, да се обезбеди излез на европска сцена.

– Мислам дека сме добро подготвени на почетокот на новото првенство. Одработивме квалитетни подготовки, ова е еден нов тим кој сега го формиравме, 7-8 играчи во стартниот состав првпат ќе заиграат прволигашки натпревар за Работнички. Но, верувам во нашиот квалитет и се надевам дека ќе имаме позитивен старт. Му гостуваме на нов прволигаш, Струга Трим Лум ќе го игра историскиот прв натпревар во Првата лига и сигурно дека тоа донесе еуфорија кај домаќинот и голема желба за триумф. Но, ние си имаме свои математики и се надеваме на позитивен почеток – вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Работнички ќе го суди Александар Грујоски (Кичево), а ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски (Кичево).

Прва македонска лига

Сабота:

17.30 часот
Струга Трим Лум-Работнички
Шкупи-Борец
Академија Пандев-Шкендија
Ренова-Силекс

Недела:

17.30 часот
Вардар-Македонија ЃП

Потсетување и дека во наредните две години 1МФЛ директно ќе се пренесува на Арена Спорт и МТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот