Влае ќе го добие првото детско инклузивно игралиште

Започнува со изведба првото детско инклузивно игралиште во Влае 2, веднаш до плоштадот „Делфина”. Игралиштето ќе се протега на 450 квадратни метри, со мека подлога, а ќе содржи реквизити што ќе можат да ги користат и деца со инвалидитет.

Како што информира денеска градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, просторот ќе биде целосно оплеменет со канделабри, нови корпи и клупи, а се работи за проект што чини 50.000 евра.

Финансиери на проектот „Инклузивно детско игралиште” се Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој преку грант добиен од Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”. Проектот е еден од дванаесетте проекти со кои во моментот управува Центарот за развој на скопски плански регион, во соработка со Швајцарската конфедерација и Владата

Целта на проектот, како што информира раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски, е тоа катче во иднина да претставува место каде што лицата со попреченост ќе се дружат, забавуваат и комуницираат.

Градоначалникот Богоев потсети дека неодамна во Влае отвориле и сензорна соба во основното училиште „Димо Хаџи Димов” и најави отворање на две нови во училиштата „Вера Циривири Трена” и „Аврам Писевски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот