25 C
Скопје

Владо Поповски за „Слободен печат“: Допрва ќе имаме мака со Бугарите

За нашите историчари нема дилема кој и што бил Гоце Делчев, но и што се крие зад „бугарската приказна“. Историчарот Владо Поповски се согласува со голем број колеги дека зад нивната политика стои неизживеаниот империјализам од времето на Санстефановска или Бугарија на цар Симеон и оценува дека „допрва ќе имаме мака со нив“.

– Неспорно е дека Гоце Делчев е Македонец што се борел и загинал за независна Македонија. Во времето кога тој е роден и се школувал документи за раѓање и за образование издавале само Бугарската егзархија, Грчката патријаршија или српските школи. Тогаш во Отоманската империја населението добивало документи според т.н. милетски систем во кој поделбата на населението била според религиската, а не етничката припадност, а милетот управувал со сите работи од световен и религиозен карактер. Делчев, кој се школувал во бугарски училишта можел да добие само бугарски документи, како Бугарин. За тоа каков бил милетскиот систем илустративно зборува фактот што се додека султанот не ги признал српските школи, во Стара Србија населението било запишувано како Бугари или Грци, а не и како Срби! Во Бугарија има еден мит за Гоце Делчев за неговото големо бугарско значење, иако тој отсекогаш се борел единствено за Македонија, како Македонец – вели Поповски за „Слободен печат“.

Тој смета дека Бугарија нема да се откаже од нивните политика кон Македонија и вели дека единствена шанса за евроинтеграциите е во самата ЕУ.

– Нема правда се додека во ЕУ одлуките се носат со консензус, а една земја може да стави вето. За нас останува само да се надеваме дека ЕУ ќе издејствува преговорите за членство да не се условуваат и да не се мешаат со идентитетските прашања. Во името на нашата евроинтеграција ние можеме со Бугарите да се договориме за заедничко прославување на ликот и делото на Гоце Делчев, без да си навлегуваме едно на други кој како го гледа, односно нас тој е Македонец кој се борел за Македонија, за нив е Бугарин  кој се борел за Бугарија и тоа е се. Тоа нема никому да му пречи ако е во игра влезот на Македонија во ЕУ. Но, за таа цел не смее да се прифати и нивната уцена дека македонскиот јазик е само бугарски дијалект или што било во врска со македонскиот идентитет – вели Поповски.

Ригидниот однос на Бугарија тој го ислустира со фактот дека за време на преродбата, во 1865 година Бугарија се обидела со насилни средства да гио претвори Турците во Словени.

– На пример, еден муфтија Мехмед Дервишов во тоа време го покрстиле во Светослав Духовников. Ако така се однесувале со Турците, кои се од друга релгигија, што можело да се очекува во тоа време за однесот кон Македонците. Јас не очекувам таа нивна агресивна политика да згасне. Еве, гледаме дека тие сметаат дека не дале доволно аргументи за својата позиција и се подготвуваат да аргументираат пред новата американска администрација на претседателот Џо Бајден, значи, остануваат на своето – вели Поповски. 

Тој заклучува дека треба да се дискутира со докумети и дека во Бугарија има државни документи со кои се признава македонската националност и посебност.

Честитка од Борисов: Догодина јубилејот на Гоце да го прославиме со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија

Поврзани вести

ЦИВИЛ: Бришењето зборови од Речникот на македонскиот јазик нема да го намалат говорот на омраза, туку ќе го засилат

Слободен печат

Денеска се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, 25 лица починаа

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

МИА Агенција

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

Остави Коментар