Владо Јаневски со нова песна: Слушнете како звучи нумерата „Недостасуваш“! (ВИДЕО)

Македонската музичка ѕвезда, Владо Јаневски, пред два дена објави нова песна, а станува збор за емотивна балада чиј наслов гласи – „Недостасуваш“.

Песната всушност е објавена како најава за неговиот настап на фестивалот „Мозаик“, меѓутоа тој беше одложен, па обожавателите имаат прилика, барем засега, да ја слушаат оваа песна само на Јутјуб.

Музиката и текстот на новата песна се дело на самиот Владо Јаневски, а аранжманот е на Никша Братош.

Во продолжение слушнете како звучи песната „Недостасуваш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот