Владините мерки за излез од државата ги исплашија македонските патници

Денеска ниту еден македонски државјанин не поминал преку ГП „Богородица”.

Ниту еден македонски државјанин не ја минал границата на излез ниту пак на влез во земјата на најфреквентниот граничен премин „Богородица” во текот на денов откако за излегување од земјава треба да се потпише изјава дека три месеци нема враќање назад.

Како што информираат од ГП „Богородица”, ситуацијата е мирна како никогаш досега, доследно се применуваат мерките на Владата и автомобили не можат да се забележат во двете насоки.

Нормално функционира само товарниот сообраќај за излез и влез во земјава со напомена дека од 21 часот навечер до 5 часот наутро од грчка страна камионите не се пропуштаат на влез во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот