Владината седница закажана за 21 часот

Свеченост по повод 8 Септември - Денот на независноста/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Владата на Република Северна Македонија  вечерва од 21 часот ќе одржи седница.

Владината прес-служба соопшти дека за заклучоците од седницата ќе информира по нејзиното завршување.

На седницата најверојатно ќе биде прогласена кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена.

Кризната состојба ќе значи и поголем ангажман на Армијата во поддршка на здравствениот систем, но и на МВР. Бројот на војници кој ќе биде ангажиран за помагање за справување со кризата ќе биде седум до десет пати поголем од тој кој е ангажиран сега.

-Од војникот немаме намера, немаме законски основ, никаков правен основ, да направиме полицаец. Војската секаде ќе биде во поддршка на припадниците на МВР и нема со тоа што ќе се декларира кризна состојба, автоматски, преку ноќ, тие да добијат полициски овластувања, да апсат , да приведуваат луѓе по станици, да приведуваат, да вршат претрес на возила и т.н.- појасни претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот