Владината делегација на чело со Заев се сретна со поранешни функционери на НАТО и ЕУ во Лондон

Фото: МИА

Владината делагација што ја предводи премиерот Зоран Заев, денеска пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, имаше средба со поранешни високи функционери и амбасадори на Алијансата и ЕУ, членови на Охридската група.

„Со посветените пријатели и поддржувачи разговаравме за идните заеднички иницијативи за афирмација и меѓународна видливост на Северна Македонија, која наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка суверена одлука, донесена со консензус во 1993. НАТО членството значи безбедност, стабилност и сигурност, како главни предуслови за економски развој и просперитет на нашата земја и граѓаните во друштво на најмоќниот безбедносен сојуз во светот“, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Заев на Самитот на НАТО во Лондон е придружуван од вицепремиерите Радила Шекеринска и Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот