Владина делегација во Виена на средби со претставници на австриски компании

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во Виена, каде ќе има работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании.

Како што соопшти владината прес-служба, тема на средбите ќе биде економскиот развој и инвестицискиот потенцијал во државата во организација на Мрежата за бизнис развој на Југоисточна Европа (South-East European Business Development Network, SEEBDN).

Во делегацијата се и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економски ресурси Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче.
Премиерот Заев ќе учествува и на панел дискусија организирана од австрискиот Карл – Ренер Институт и фондацијата „Фридрих Еберт” за ЕУ перспективите на Република Северна Македонија и домашните реформски процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот