Владимир Путин покрај себе секогаш држи бел термос: Во него се крие оваа напивка за здравје и младоликост

Фото: Профимедиа

Покрај претседателот на Русија често можеме да видиме бел термос. Владимир Путин (69) конечно открил што пие во текот на конференциите:

– Знаете, јас дури не пијам ниту црн чај. Пијам само чај од билки од Алтајските планини – изјавил претседателот на Русија и така конечно ја открил тајната за белиот термос, пренесе „Russia beyond“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

До кој степен е  љубител е на алтајската природа, сведочи фактот дека Путин неретко наздравува со странските лидери со белиот термос.

Пред неколку години на официјалната вечера во јапонскиот град Осак медиумите снимиле како рускиот претседател наздравува со колегите претседатели со термос чаша.

Што е алтајски чај?

Се смета дека овој чај од алтајска трева делува на тонусот на организмот благодарение на богатството на биолошки активните супстанции, витамини, како и на изразената поддршка на имунолошкиот систем.

Тој ја зајакнува општата отпорност на организмот, го јакне имунитетот, дава енергија и елан. Овој чај е и одличен прочистувач на организмот, а делува и како антиоксидант, кој ги спречува штетните ефекти на процесот на оксидација во организмот, за кои се смета дека се едни од причините за многубројни хронични болести во современиот свет.

Алтајскиот чај содржи 24 треви, како камилица, сибирски бор, брусница, корен од царска билка, се наведува во текстот „Руски лекар“ во кој понатаму се објаснуваат благодатите на секоја од нив.

Алтајските планини локалните жители ги нарекуваат и „наша аптека“. Тоа на планетата е една од последните незагадени оази, во која растат ретки ендемски лековити билки, кои по својата чистота, секако, ги надминуваат стандардите дури и на органски одгледаните билки.

 

Видео на денот