Владимир Путин бил „чудо од бебе“: Од борба со стаорците во сопствениот дом, станува врвен џудист

Владимир Путин/колаж
Владимир Путин/колаж

Првата „војна“ која ја водел сегашниот руски претседател, Владимир Путин, била против стаорците кои се појавиле во ходниците на неговиот детски дом во трошниот советски станбен блок.

Приказната за тоа како се борел со штетниците дава до знаење дека тој ја добил битката, а многумина сметаат дека ја користи таа приказна за подобро да илустрира на кој начин го надминал поствоениот пустош и сиромаштијата, постигнувајќи го сето ова што го има денес.

Во книгата „First Person: An Astonishingly Frank Self-Portrait”  објавена во 2000 година, пишува: „На излезот од домот имаше орди стаорци. Јас и моите другари ги бркавме со палки. Еднаш се соочив со огромен стаорец и го бркав низ цел ходник, додека не го начекав во еден агол. Немаше каде да бега. Изненадно, се фрли на мене. Бев изненаден и уплашен, затоа што никогаш не сум доживеал стаорец да ме нападне. Среќа, бев брз и успеав да му ја затворам вратата пред нос. Тогаш, во тој момент добив трајна и едноставна лекција што значи кога ќе ве стави некој „во ќош“.

Оваа анегдота која се ширеше вирално е дел од неговата приказна за тоа кој човек е Путин и како денес цел свет задржува здив пред неговата величина.

Во војната, таткото на Путин, Владимир бил војник, а неговата мајка Марија речиси и не угинала од глад. Путин запишал во една прилика за неговите родители дека „преживувале пекол“.

„Мојата мајка еднаш се онесвести од глад. Луѓето мислеа дека е умрена и ја легнаа до останатите починати. За среќа, се разбуди и почна гласно да вика“.

Неговиот татко бил само еден од четворицата од вкупно 28 мажи во единицата кои успешно се вратиле од војната, а до крајот на животот бил наглув. Се верува дека брачниот пар Путин изгубиле две постари деца, едно починало од дифтерија во текот на војната, а другото поради друга детска болест. Владимир бил „бебе чудо“, кое последно стигнало. Домот им бил ужасен – го делеле со две семејства поради огромната сиромаштија.

„Немаше топла вода, када, тоалетот беше ужасен. Беше ладно и грозно.“ – изјави неговата поранешна учителка Вера Димитриевна Гуревич, пренесуваат од „Mirror“.

 EPA-EFE/STRINGER ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Путин бил дете од улицата, мал и ситен за своите години, често малтретиран и многу сакал да зајакне за да може да се спротивстави. Маша Гесен, авторката на на книгата „Човек без лице: Неверојатниот успех на Владимир Путин“, изјави:

„Родителите на Путин работеле деноноќно, неговата мајка работела на разни некфалификувани позиции, а татко му во фабрика. Малиот Путин бил препуштен на себе. Се дружел со другите деца, но бил често малтретиран, додека не почнал да тренира боречки весштини, џудо за да може да се брани и натпреварува“

Сега рускиот претсетател има црн појас и сака да го кажува тоа јавно, а неговиот поблизок круг на пријатели го нарекуваат „џудо-креација“.
Во една прилика изјави:

„Пред 50 години, ленинградската улица ме научи на едно правило – ако борбата е неизбежна, мораш да го зададеш првиот удар“ – кажа Путин во 2015.

Самиот има изјавено дека кариерата во КГБ го подготвила за да биде денес она што е – претседател на моќна држава. Тоа дисциплинирано однесување и денес се гледа, затоа што тој работи 17 часа дневно, а таквото темпо му го зема данокот на приватниот живот. Кога во средината на 1980 се ожени со Људмина Путин, и доби две ќерки, животот им се чинеше совршен.

Но, откако се разведоа во 2014, таа наводно рекла „Нашиот брак е завршен со оглед на фактот дека едвај се гледаме. Тој е потполно посветен на својата работа“ – пренесе „Mirror“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот