Владимир Четкар ќе настапи во „Мјузик Хол“ во Детроит

Македонскиот музичар Владимир Четкар во сабота ќе настапи во историскиот „Мјузик хол“ во Детроит а на 2 јуни, во недела, Четкар ќе отпатува во Кливленд каде ќе одржи концерт во Боп Стоп.

Во Детроит Четкар се враќа по четврти пат додека во Кливленд ова ќе му биде трет концерт во неговата кариера.

Пред тамошната публика, македонскиот џез-соул-фанк артист концертно ќе го промовира својот нов албум „Going Home“ а ќе биде придружуван од американски музичари.

Концертната промоција на новиот албум пред македонската публика Четкар ќе ја одржи во Јули, за чии детали ќе информира набрзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот