Владимир Ангелов: Моите прогнози за „Медена земја“ се 2:0 за нас

Мислам дека „Медена земја“ сè уште го нема искористено својот економски потенцијал, а знам дека на Оскарите дека и тоа еден од факторите што играат улога, рече Ангелов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Директорот на Кинотеката на Северна Македонија, Владимир Ангелов, прогнозира дека филмот „Медена земја“ ќе ги освои двете награди „Оскар“ за кои е номиниран македонскиот документарен филм во категориите за најдобар странски и најдобар документарен филм.

-Моите прогнози се 2:0 за нас. Мислам дека „Медена земја“ сè уште го нема искористено својот економски потенцијал, а знам дека на Оскарите дека и тоа еден од факторите што играат улога. Знам дека еден од фаворитите е „Паразит“, но мислам дека тој речиси го има остварено својот максимум, така што типувам на „Медена земја“, иако и ништо да не освоиме ова е голем успех. Не толку затоа што сме стигнале до финалето на Оскарите, со две номинации и што на таа гламурозна вечер ќе бидат нашите претставници, за мене е поважно тоа што кога го прикажувавме филмот во кино салата на Кинотеката, се плашев оние популарните „тапкароши“, значи филмот „Медена земја“ заедно со „Врба“ ги врати луѓето во кино салите. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи. И од тој аспект го мерам успехот на „Медена земја-рече Ангелов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Ангелов истакна дека фокусот на Кинотеката е авторскиот а не комерцијалниот филм. Ангелов најави година богата со различни програми.

-Идниот месец имаме претставување на турскиот филм, презентација на југословенската кинематографија и на српскиот филм во тие рамки за што очекуваме гости, соработуваме со Скопје филм фестивал, со Филозофскиот филмски фестивал, ќе го истакнам фестивалот на ромскиот филм „Златно тркало“. Во рамки на „Скопје филм фестивал класик„ ќе имаме десетина филмови со Чарли Чаплин. Годинава се одбележува стогодишнина од раѓањето на големиот Федерико Фелини и ние со соработка со Националната кинотека во Рим, ќе прикажеме 11 реставрирани филмови од неговиот опус- рече Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот