Владеењето на Ана Винтур: Доколку излезе незадоволна од ревијата, таа колекција е однапред осудена на пропаст

Ана Винтур
Фото: Instagram

Ана Винтур е позната како жена која владее со модниот свет, а нејзините стајлинзи ги поставуваат стандардите. Долгогодишна главна уредничка на најпрестижниот моден магазин Вог , е жена која неприсновено владее со светот на модата веќе неколку децении.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WINTOURDROBE (@wintourdrobe)

Страв и трепет за сите модни креатори, на чии ревии таа седи во првиот ред, секогаш со црни очила за сонце. Затоа велат дека ако Ана излезе незадоволна од ревијата, таа е однапред осудена на пропаст . Но, ако и се допаѓа и го носи моделот од тоа шоу во јавноста, бидете убедени дека скоро секоја славна дама наскоро ќе го има тоа модно парче во гардероберот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WINTOURDROBE (@wintourdrobe)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WINTOURDROBE (@wintourdrobe)


Според упатените, таа ја градела својата кариера како моден уредник, но и како модна икона , внимателно и не бирајќи средства. За Ана се тврди дека е немилосрден професионалец и секогаш знае што сака. Така е и кога е во прашање нејзиниот личен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WINTOURDROBE (@wintourdrobe)


Секако, Ана има привилегија што во нејзиниот гардеребер може да се најдат  најексклузивните парчиња облека, чанти, чевли, додатоци на најеминентните модни куќи, веднаш од модните писти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WINTOURDROBE (@wintourdrobe)


Сепак, Ана не го изгради својот стил преку ноќ, таа отсекогаш била некој што се истакнувал со свој личен печат: И покрај тоа што неуморно ги следи модните трендови таа никогаш не го потчинил својот личен стил на кој било тренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WINTOURDROBE (@wintourdrobe)


Ја гледавме низ годините во многу фасцинантни модни комбинации и издвоивме некои од нив, кои станаа вирални и беа најозборувани,

Видео на денот