Владе Дивац примен во Куќата на славните на НБА

EPA/ANDREW GOMBERT

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Сакраменто кингс, Шарлот хорнетс, Владе Дивац ќе биде примен во куќата на славните на НБА лигата, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Приемот на новите членови на Куќата на славните ќе се одржи во Минеаполис од 6 до 8 април за време на фајнал фор турнирот во НЦАА лигата.
Освен Дивац во конкуренција за прием во класата 2019 година беа уште и Крис Вебер, Маркес Џонсон и Бен Волас кои не беа избрани.

Владе Дивац во НБА лигата играше 16 години и тоа за екипите на ЛА лејкерс, Шарлот и Сакраменто каде и моментно ја извршува функцијата претседател на кошаркарски операции.
Тој е еден од седумте кошаркари кои постигнале повеќе од 13.000 поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот