Владата во Приштина повлече донесена одлука: Македонските државјани, сепак, ќе можат во Косово без ПЦР тестови

Maкедонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат во Косово без ПЦР тестови. Претпладнево во македонското МВР пристигнало известување од косовската Влада дека државјаните на Северна Македонија треба да имаат ПЦР тест за влез во земја. Меѓутоа, неколку часа подоцна, косовската влада информирала дека се повлекла од одлуката.

– Странските државјани кои влегуваат во Косово, вклучувајќи ги и оние со дозвола за привремен или за постојан престој, а доаѓаат од високо-ризичните земји според официјалната листа на ЕЦДЦ, треба да поседуваат негативен ПЦР-тест за ковид-19, не постар од 72 часа, велат од косовското МВР.

Владата во Приштина вчера донесе одлука со која ги задолжува граѓаните од „високо ризичните држави, да имаат ПЦР тестови не постари од 72 часа при влез во Косово, каде од денеска се воведени нови рестриктивни мерки во насока на спречување на ширењето на ковид-19, меѓу кои и т.н. „полициски час“ што ќе почнува во 20 часот навечер и ќе трае до 5 часот наутро.

Работното време, пак, на трговските центри, на продавниците, на рестораните, на баровите и на хотелите ќе биде до 20 часот.

Негативен ПЦР тест за ковид-19 засега е потребен за македонските граѓани при влез во Србија, можност што не важи и за соседна Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот