Владата во недела на Школка во Градски парк организира прослава на Денот на независноста

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Под мотото „Боите на независноста” во недела кај Школка во Градскиот парк ќе биде организирана прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Прославата ја организира Владата, а најавено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапат Петко и „Пет плус”, Ај кју, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во традиционалната храна, да учествуваат во спортски активности и да ја видат изложбата на деца од малите групни домови. На штандот на Министерството за здраство граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок и да извршат очен преглед, а припадниците на МВР и АРМ ќе изведат показни вежби.

– Владата на Република Северна Македонија ги кани сите граѓани во недела на заедничко чествување во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е со почеток во 11 часот пред Школка. Под мотото „Боите на независноста” ве покануваме заедно да ги прославиме боите на слободата, радоста и убавината, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот