Владата утре седница ќе одржи во Битола – Слободен печат
ВестиМакедонија

Владата утре седница ќе одржи во Битола

Како што велат од Владата, на оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните кои живеат во општините од југозападниот дел од Македонија

Наместо на Илинденска во Скопје, редовната седница на Владата утре се сели во општинската зграда во Битола.

Како што велат од Владата, на оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните кои живеат во општините од југозападниот дел од Македонија.

„Со оваа прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во Владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар“, соопштија од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close