Владата утре ќе потпишува грант за изградба на спорната пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Фото: Град Скопје

Утре во Клубот на пратеници, со почеток во 12:00 часот ќе се потпише Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје, најави Владата.

На потпишувањето на договорот ќе се обратат заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова.

Пречистителната станица беше предмет на големи контроверзи, откако лани во октомври, скопската градоначалничка Данела Арсовска обвини дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле вмешани во малверзации со тендерот за изградба на пречистителната станица. Ова беше почеток на „расколот“ меѓу Арсовска и партијата што ѝ помогна да биде избрана, а таа во следните недели ги разреши сите директори на јавни претпријатија во Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и постави свои луѓе.

Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, го обвини за самоволие

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот