Владата утре ќе го објави законот за извршителите

Од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање, премиерот Зоран Заев денеска рече дека утре очекува да бидат заокружени законските решенија во врска со работата на извршителите.

Премиерот изрази надеж дека во сабота Владата ќе ги усови овие законски измени. Станува збор за законски решнија со кои ќе се бришат каматите на долговите на граѓанитет во сите институции, јавни и државни. Се работи за трошоци за вода, смет и канализација.

– Целта на овие законски решенија е да ги избришиме каматите и да им дадеме на граѓаните можност да си го платат главниот долг кон државата на рати. Од овие камати граѓаните и да сакаат да платат не можат бидејќи се високи, немаат од каде. Ние го формиравме ова законско решение и утре ќе го објавиме во детали, а Владата ќе го пушти во парламентот – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот