Владата усвои декларација која предвидува експресни возни линии меѓу главните градови на Западен Балкан

воз скопје железничка станица возови
Железничка Скопје/ Фото: МИА

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со претстојниот Самит на Министри посветен на железници, во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната заедница, во соработка со Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за обнова и развој, и го овласти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, да ја потпише декларацијата „Самит на Министри посветен на железниците – Пругите се иднината“.

– Оваа декларација, меѓу другото, предвидува повторно воспоставување на директни меѓуградски експресни возни врски помеѓу главните градови на Западен Балкан и ЕУ, за да се воспостави подобра поврзаност за деловните субјекти и луѓето, дигитализацијата на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување на размена на податоци за прекуграничен превоз на патници и товарен транспорт до крајот на 2025 година, како и склучување „One Stop Go“ договори меѓу сите регионални партнери и соседните земји на ЕУ за сите железнички гранични премини до четвртиот квартал на 2023 година, со цел да се олеснат процедурите за граничен премин за патници и товар, велат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот