Владата со препорака до банките: Исплатете ги декемвриските пензии заклучно со 31 декември

Фото: mia.mk

Владата на вечерашната 33 редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за декември оваа година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до петок за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од понеделник.

Владата им препорача на деловните банки, преку филијалите и експозитурите, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички во четири групи и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник), за пензии од 11.001-14.000 денари на 29.12.2020 година (вторник), за пензии од 14.001-18.000 денари на 30.12.2020 година (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот