Владата сепак ќе понуди помош за Нотр Дам

фото:. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Владата на Република Северна Македонија информира дека ќе и понуди поддршка на Франција за реставрација на катедралата Нотр Дам.

„Владата го задолжи Министерство за надворешни работи да стапи во контакт со Министерството за надворешни работи на Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи најсоодветна поддршка како знак на солидарност во обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење“, се вели во одговорот од Владата.

Помош за Нотр Дам стигнува од сите страни на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот