Владата предлага пониски царини за суровини и репроматеријали за индустријата

Работници во текстилна фабрика / Фото: СП. архива

Владата на денешната 127-ма редовна седница, со која претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, ги утврди измените на Законот за Царинската тарифа со кои се предлага намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија.

– Со донесување на овој закон всушност ќе се реализира Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на КОВИД-19, како и за поголема усогласеност со Царинската тарифа на Европската унија и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската Трговска Организација, се наведува во соопштението од владината седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот