Владата предлага кризна состојба до крај на годината

Фото: МИА

На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година и донесе заклучок оваа предлог одлука да ја достави до Собранието.

На 1 април Владата ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија, најмногу до 30 дена.

Оваа одлука Владата ја донесе за да може да се врати Армијата на северната и јужната граница, која беше повлечена откако на 31 март заврши прогласената кризна состојба поврзана со мигрантската криза која беше на сила изминатите шест месеци, а поради блокадата на Собранието таа не беше продолжена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот