Владата потврди: Нема цензура на „Толковниот речник на македонскиот јазик“, зборовите ќе се толкуваат соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст

Влада на РСМ / Фото Слободен печат/ Драган Митрески

„Целосна дезинформација е дека ќе има бришење или забрана на зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“, изјавија од кабинетот на претседателот на Владата за Слободен печат.

„Ве информираме дека не е точна информацијата дека од Толковниот речник трајно ќе се отстранат зборовите за кои сте слушнале реакција во јавноста. Институтот за македонски јазик којшто е единствено одговорен за содржината на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ ќе изврши ревизија на лексемите во речникот и ќе следува процес низ којшто зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно, според современиот лингвистички и општествен контекст“, потенцираат од кабинетот на премиерот.

Повлечени зборовите циганштија, курва, педер и други од дигиталниот толковен речник

Службата за информирање на јавноста појасни и дека претставници на Владата и на Министерството за образование и наука веднаш стапиле во контакт со редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш беше покажано разбирање и информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.

По објавувањето на дигиталниот „Толковен речник“ имаше низа бурни реакции од претставници на ромската заедница во врска со зборовите кои се застапени во речникот, а за кои јавноста одамна има разбирање дека имаат навредливо и дискриминирачко толкување за ромската заедница.

Грујовска: Од почит кон Ромите го тргнавме зборот „циган“, другите зборови нема да ги тргнеме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот